previous arrow
next arrow
Slider
previous arrow
next arrow
Slider

ЖАЛНА ВЕСТ

Денес во Скопје, по тешко боледување почина д-р Јовица Угриновски, лекар – неврохирург, редовен професор на Медицинскиот факултет од 1993 година.

Најпочитуваниот Брат Јовица Угриновски е еден од основоположниците на Големата Ложа на Македонија и нејзин трет Голем Мајстор (во периодот од 6014 до 6017 година).

Тој е еден од најзаслужните Браќа за развој на Слободното Sидарство во Македонија и неговото воздигање до највисоките нивоа на светската Масонерија.

Беше посебно активен во меѓународната промоција на ГЛМ и воспоставување на односи со братски ложи на сите континенти.

НПГМ Јовица Угриновски со своите зборови и дела заслужи да биде издигнат во небесната Голема Ложа, каде Големиот Архитект на Универзумот живее и вечно владее.

Нека почива во мир!

Нека Биде Така!

Патување на животот

Масонскиот живот и искуство е како патување: од церемонијата на Иницијација – влегувањето како ученик, преку преминувањето во степен на Помошник, па со постепеното откривање на тајните и мистериите на Масонеријата, се’ до воздигнувањето до Мајсторскиот степен (етапи кои се одбележани со посебни пригодни церемонии), добриот човек на добар глас (како што Масонеријата го нарекува кандидатот) преку постојано работење на себе, соработката со Браќата и посветеноста на хуманите науки и уметности, се “бруси” себе си (како што старите мајстори го бруселе грубиот камен за да го доведат во совршено мазна состојба). Тоа патување на животот е пропратено со откривање на безброј “занаетски тајни”, преку кои добриот човек ќе стане уште подобар, или како што вели Масонеријата – вистински Орнамент на општеството во кое живее.

Кој може да стане Масон?

Секој маж на зрела возраст од најмалку 21 година, како човек на добар глас и со добра и вредна препорака, може да се придружи на Масонеријата, без оглед на етничката или религиската припадност, политичките ставови, економската положба, а од него се очекува да има верба во Големата Сила на Универзумот.